Министерство за правдаmja.org.mk/upload/content/documents/zbirka_presudi.pdf ·...

904
Министерство за правда ЗБИРКА НА ПРЕСУДИ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И РЕШЕНИЈА НА ВРХОВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА Прво издание Поддржано од:

Upload: others

Post on 22-Feb-2020

15 views

Category:

Documents


0 download

TRANSCRIPT

  • Министерство за правда

    ЗБИРКА НА

    ПРЕСУДИ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

    И

    РЕШЕНИЈА НА ВРХОВНИОТ СУД НА

    РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

    Прво издание

    Поддржано од:

  • Содржината на оваа публикација не мора да значи дека секогаш ги одразува погледите и ставовите на Набљудувачката мисија на ОБСЕ во Скопје

  • ПРЕДГОВОР

    Европската конвенција за човекови права и основни слободи за појдовна основа ја имаше Универзалната декларација за човекови права од 1948, при што нејзините творци ги втемелија тие принципи како цели на Советот на Европа, како одговор на тековните и минатите збиднувања во Европа по Втората светска војна, односно реакција на сериозните повреди на човековите права осведочени во Европа за време на Втората светска војна.

    Европската конвенција за човекови права и основни слободи прерасна во Европска повелба на правата и слободите, додека Европскиот суд за човекови права доби улога на највисок заштитник на тие права и слободи, слична на улогата на конститутивните судови во федералните правни системи.

    Европската онвенција за човекови права и основни слободи е ратификувана од 47 земји-членки на Советот на Европа. Со Уставот на РМ во членот 118 е утврдено: „Меѓународните договори што се ратификувани во согласност со Уставот се составен дел од внатрешниот правен поредок и не можат да се менуваат со Закон.“

    Согласно ваквата уставна одредба, Република Македонија како и повеќето земји што ја ратификувале Европската конвенција за човекови права и основни слободи , се соочи со фактот дека исполнувањето на преземените обврски од Конвенцијата сосем го променија домашниот правен поредок.

    Притоа, во првите неколку години по ратификацијата, Европската конвенција за човекови права и основни слободи и врз неа заснованата јуриспруденција се доживуваше како навлегување на туѓи елементи кои ја заматуваат јасноста на домашниот правен поредок. Од друга страна, пак, на граѓаните како жртви на повредите на Конвенцијата и потенцијални жалители пред Европскиот суд за човекови права, им беа потребни повеќе години за да ја сфатат новата ситуација, на располагање да им бидат покрај домашните судови и меѓународните форми на заштита на нивните права.

    Релативно бргу исчезнаа ваквите состојби и преовлада рацио налното вреднување на придобивките што Европската конвенција за човекови права и основни слободи ги донесува на планот на унапредувањето на човековите права и нивната заштита, и тоа не само преку постапувањето на контролните органи во Стразбур, туку и преку нејзината непосредна примена од страна на домашните судови и другите органи на државната власт.

    Една од најзначајните, истовремено и најдалекусежна последица од прифаќањето на Европската конвенција за човекови права и основни слободи е интернационализацијата на домашните извори на правото и на домашната судска практика. Европската конвенција за човекови права и

  • ЗБИРКА НА ПРЕСУДИ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И РЕШЕНИЈА НА ВРХОВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА4

    основни слободи и судската практика на Евроскиот суд за човекови права, создадена врз интерпретацијата на Конвенцијата, влијаат и на начинот на интерпретација на нормите во домашното право со кои се гарантираат човековите права.

    Со стапувањето во сила на Протоколот 14 на 1 јуни 2010 година, како и усвојувањето на Декларацијата од Интерлакен од 19 февруари 2010 година, дојде до израз потребата од зајакнување на принципот на супсидијарност, кој претставува основен принцип врз кој се темели целокупниот систем на Европската конвенција за човекови права и основни слободи.

    Овој принцип подразбира дека почитувањето и заштитата на правата опфатени со Европската конвенција за човекови права и основни слободи, пред се и најнапред се задача за властите на земјите договорнички, а дури потоа претставуваат задача на Европскиот суд за човекови права. Имајќи предвид дека принципот на субсидијарноста е исто така еден од основните принципи на правото на Европската унија, потребно е да се компарира значењето на субсидијарноста во овие два система.

    Правниот систем на Европската унија, кој всушност има „привидна„ државна институционална структура-законодавна власт, наметнува директна имплементација и предност на правото на Европската унија, што е соодветно на интегративниот модел.

    Системот на Европската конвенција за човекови права и основни слободи пак, има интернационален пристап многу поразличен од привидниот државниот модел, односно претставува правен систем заснован на хармонизација. Имено, Европската конвенција за човекови права и основни слободи не обезбедува каква било супранационална законодавна власт, заради што, во надлежност на Европскиот суд за човекови права е исклучиво да го цени и надгледува однесувањето на државите во однос на правата и слободите загарантирани со Конвенцијата. Како последица на ова, субсидијарноста во овој контекст е облик на комплементарна субсидијарност во која постои овластување на Европскиот суд за човекови права да интервенира само во оние случаи во кои што домашните институции не се во состојба да овозможат ефективна заштита на правата загарантирани со Конвенцијата.

    Наспроти неговото значење, принципот на субсидијарност не е апсолутен пред се поради следното:Прво, принципот на субсидијарност не е единствениот фундаментален принцип (столб) на Конвенцијата. Како втор столб на Конвенцијата, е принципот дека правото мора да биде ефективно; односно дека тоа не постои само во теоријата туку дека е практично и ефективно. Овој принцип претставува контратежа на принципот на субсидијарноста.

  • ПРЕСУДИ И ОДЛУКИ НА ГОЛЕМИОТ СУДСКИ СОВЕТ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА 5

    Второ, битно е да се има предвид принципот на еволутивна интерпре-тација. Тоа подразбира дека Конвенцијата е жив инструмент кој мора да се интерпретира во реалните услови на денешницата. Токму заради овој принцип, ставовите на Европскиот суд за човекови права во однос на опсегот на определени права од Конвенцијата еволуирале низ годините и деценииите.Трето, принципот на субсидијарност сам по себе не е ниту статичен, ниту едностран. Под влијание на цела низа фактори, вклучувајќи ја и определбата да се примени принципот дека правата мора да бидат ефективни и применувани од судиите кога тие одлучуваат по предметите, тој осцилира помеѓу судиското самоограничување и судиската активност.

    Во контекст на Европскиот суд за човекови права можат да се идентификуваат два вида на субсидијарност: процедурална, која ги уредува меѓусебните односи помеѓу Европскиот суд за човекови права и националните власти и разграничувањето на одговорноста за дејствување или интервенирање; и суштинска субсидијарност, која ја уредува релативната одговорност за донесување на одлуки и проценки.

    Процедуралниот аспект на принципот на субсидијарноста тргнува од членот 35 од Конвенцијата и во себе содржи неколку барања како постоењето на ефективен домашен правен лек и негово исцрпување, притоа водејќи сметка тие лекови да се достапни, разумни и доволни да ја исправат повредата на загарантираното право. Во процедуралниот аспект на принципот на субсидијарноста спаѓа и обврската на државата договорничка да ја изврши пресудата на Европскиот суд за човекови права, имплицитно утврдена во член 46 став 1 од Конвенцијата. Значајно е да се забележи дека сите државни власти мораат да бидат вклучени во задачата на извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права. Притоа, секогаш се препорачува законодавната власт во државата да има превентивна улога да ги пресретнува евентуалните одлуки на Европскиот суд за човекови права спрема државата, континуирано следејќи ги пресудите на Судот со кои се утврдени повреди на Конвенцијата од друга држава договорничка, а имајќи го предвид фактот дека одлуките на Судот имаат ефект на „de facto erga omnes“. Овој принцип е особено нагласен во Декларацијата од Интерлакен и Акциониот план за нејзиното спроведување, со која ги повикува државите да ја имаат предвид постојано развојната практика на Европскиот суд за човекови права, од аспект на разгледување на заклучоците во пресудите на Судот со кои се утврдуваат повреди на Конвенцијата од страна на друга држава, во услови на постоење на исти принципиелни проблеми во рамките на сопствениот правен систем.

    Суштинскиот аспект на принципот на субсидијарноста, за разлика од претходно изнесениот, се манифестира негативно, односно од аспект на она

  • ЗБИРКА НА ПРЕСУДИ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И РЕШЕНИЈА НА ВРХОВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА6

    како не смее да се третира Европскиот суд за човекови права. Па така тој суд не е суд од четврт степен (касационен) кој може да укинува одлуки на домашните судови. За овој аспект на субсидијарноста битни се и маргините за проценка на правата загарантирани со Конвенцијата, а со оглед на фактот дека дел од правата загарантирани со Конвенцијата не се апсолутни (како впрочем во член 3, член 4 став 1, член 9 став 1, Член 3 и 4 од Протокол 4, Протокол 13) и можат да трпат ограничувања, само ако тоа е предвидено со Конвенцијата, ако ограничувањата се експлцитно утврдени во домашните закони и на начин и согласно условите предвидени со закон.

    Декларацијата од Интерлакен усвоена во февруари 2010 година е од огромно значење за надградба на системот на надзор за спроведувањето на Конвенцијата, бидејќи претставува едногласна потврда на сите членки на Советот на Европа дека националните органи – владите, судовите и парламентите мораат да имаат фундаментална улога во гарантирањето и заштитата на човековите права на национално ниво. Принципот на супсидијарност мора да биде целосно оперативен, со што ќе се обезбеди долгорочна ефикасност на контролниот систем воспоставен со Конвенцијата.

    Националните судови и домашните органи, генерално се подобро позиционирани да одлучуваат за мерките во определени области, да ги антиципираат проблемите и да соработуваат со другите национални институции со цел зарешавање на проблемите, додека улогата на Судот во Стразбур е само контролна, и го цени постапувањето на домашните институции и судови.

    Република Македонија сосоем свесна за значењето но и за обврските што пред неа ги наметнува членството кон Конвенцијата, и Декларацијата од Интерлакен, во рамките на своето претстедателствување со Комитетот на министри на Советот на Европа ( мај-ноември 2010) како еден од своите приоритет го утврди почитувањето и заштитата на човековите права загарантирани со Конвенцијата и обезбедување на континуирана и догорочна ефикасност на системот на Конвенцијата. Токму затоа, во рамки на Претседателството на Република Македонија е организирана Конференцијата за „Јакнење на принципот на субсидијарноста: вградување на праксата на ЕСЧП во националното законодавство и пракса“ во Скопје во периодот 1-2 Октомври 2010 година.

    Конференцијата е искористена како можност да се промовира оваа книга која има за цел да им помогне и да им ја приближи на домашните институции практиката на Европскиот суд за човекови права на македонски јазик. Станува збор за пресуди на Европскиот суд за човекови права донесени од страна на Големиот судски совет, како основен креатор на судската практиката на Судот, во однос на правата загарантирани со Конвенцијата кои се најчесто

  • ПРЕСУДИ И ОДЛУКИ НА ГОЛЕМИОТ СУДСКИ СОВЕТ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА 7

    актуелизирани пред Судот и кои се суштествени за Република Македонија, имајќи ја предвид структурата на жалбите поднесени против неа пред Судот.

    Едновремено, во книгата се објавени и дел од пресудите на Судот донесени во однос на Република Македонија, што беа повод за определени измени во нациналното законодавство (Сулејманов и Паризов), или пак кои тоа, како потреба заради нивно извршување, ќе го наметнат во блиска иднина. Пред се затоа што тоа е во тесна врска со ефикасното спроведување на Конвенцијата на национално ниво, но, исто така, е во тесна врска и со подобрувањето на ефикасноста на домашните правни средства и потребата од брзо и целосно извршување на пресудите на Европскиот суд за човекови права.

    Во книгата е објавен само еден мал дел од одлуките на Врховниот суд на Република Макеоднија, донесени во однос на судењето во разумен рок. Востановувањето на законскиот основ за постапување на Врховниот суд во однос на ова право загарантирано со Конвенцијата, но и воведувањето на практиката и правилата на Европскиот суд за човекови права при одлучување и заштита на правото за судење во разумен рок, претставуваа одговор на државата на се побројните пресуди на Европскиот суд за човекови права со констатирани повреди на правото за судење во разумен рок.

    Едновремено законската одредба на членот 36 од Законот за судови со кој се овозможи директна примена на правилата и практиката на Европскиот суд за човекови права од страна на Врховниот суд на РМ, при одлучување за судењето во разумен рок, претставуваа пионерски чекор и послободен влез на судската практика како извор на правото и во Република Македонија. Имајќи ги предвид актуелните предмети против државата пред Европскиот суд, како и неговата практика, сосема е извесно дека во блиска иднина пред законодавната власт на државата ќе се наметне и потребата од поголем исчекор во правец на утврдувањеро на судската практика (домашна и интернационална) како извор на правото во РМ.

    Министерството за правда, имајќи го предвид понапред наведеното, а со цел да им се приближи на сите национални власти, органи и институции во Република Македонија значењето на принципот на субсидијарноста утврден со Европската конвенција за човекови права, чиј обврзник од 1997 е и Република Македонија, како и тоа какви се обврски произлегуваат за секој еден државен субјект во правец на почитување на системот на Конвенцијата и нејзиниот изграден контролен механизам, со оваа книга во која се објавени само еден мал дел од одлуките на Големиот судски совет на Европскиот суд за човекови права преведени на македонски јазик, прави голем чекор напред кон приближување на практиката на Европскиот суд за човекови права до сите национални власти и институции.

  • ЗБИРКА НА ПРЕСУДИ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И РЕШЕНИЈА НА ВРХОВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА8

    Со надеж дека изданието кое е пред Вас ќе Ви ја доближи практиката на Европскиот суд за човекови права и ќе Ви помогне во вашата секојдневна работа во согласност со приципите и стандардите на Европската конвенција за човекови права и основни слободи,

    Со почит, Скопје, септември 2010

    Министер,Михајло Маневски

  • ПРЕСУДИ И ОДЛУКИ НА ГОЛЕМИОТ СУДСКИ СОВЕТ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА 9

    С О Д Р Ж И Н А

    I. ПРЕСУДИ И ОДЛУКИ НА ГОЛЕМИОТ СУДСКИ СОВЕТ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

    1. NACHOVA и други vs. Бугарија A.43577/98 и 43579/98 -Повреда на член 2(смрт); Повреда на член 2(пропуст за спроведување на ефикасна истрага); Неиспитување по основ на член 13; Нема повреда на член 14 во врска со став 2 (наводни дејствија за расно насилство); Повреда на 14 во врска со член 2 (пропуст за истрага на можните расистички мотиви)

    2. BANKOVIC AND OTHERS vs. Белгија и 10 други држави A. 52207/99 - Одлука за недопуштеност по однос член 2 (право на живот), член 10 (слобода на изразување) и член 13 (право на ефикасен правен лек)

    3. SAADI vs. Италија A.37201/06 - Повреда на член 3

    4. PALADI vs. Молдавија A.39806/05 –Повреда на член 3; Повреда на член 5 став 1; Повреда на член 34

    5. MCKAY vs. Велика Британија A.543/03 Нема повреда на член 5 став 3

    6. STAFORD vs. Велика Британија A.46295/99 Повреда на член 5 став 1; Повреда на член 5 став 4

    7. BENHAM vs. Велика Британија A.19380/92 Нема повреда на член 5 став1; Повреда на член 6 став 1 и став 3(в)

    8. BYKOV vs. Русија A.4378/02 Повреда на член 5 став 3; Повреда на член 8; Нема повреда на член 6

    9. MURRAY vs. Велика Британија A.14310/88 Нема повреда на член 5 став 1;нема повреда на член 5 став 2; Нема повреда на член 5 став 5; Нема повреда на член; Нема повреда на член 13

    10. LOBO MACHADO vs. Португалија A.15764/89 Повреда на член 6-1 (контрадикторност на постапката)

    11. PELLEGRIN vs. Франција A.28541/95 Нема повреда на член 6 став 1

    12. MICALLEF vs. Малта A.17056/06 Повреда на член 6-1;

    13. SCOPPOLA vs. Италија A.10249/03 Повреда на член 7, Повреда на член 6;

    14. MASLOV vs. Австрија A.1638/03 Повреда на член 8;

    15

    62

    85

    137

    169

    185

    221

    247

    281

    321

    337

    359

    389

    439

  • ЗБИРКА НА ПРЕСУДИ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И РЕШЕНИЈА НА ВРХОВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА10

    15. LEYLA ŞAHIN vs. Турција A.44774/98 Нема повреда на член 9; Нема повреда 9 на Протокол 1 член 2; Нема повреда на член 8, 10 и 14;

    16. FREEDOM AND DEMOCRACY PARTY vs. Турција A.23885/94 Повреда на член 11; нема потреба да се испитуваат член 9, 10 или 14 ;

    17. GORZELIK AND OTHERS vs. Полска A.44158/98 Нема повреда на член 11;

    18. ZAUNEGGER vs. Германија A.22028/04 Повреда на член 14 во врска со членот 8;

    19. HUTTEN CZAPSKA vs. Полска A.35014/97 Повреда на Протокол 1 член 1;

    20. SERGEY ZOLOTUKHIN vs. Русија A.14939/03 Повреда на Протокол 7 член 4;

    II. ПРЕСУДИ И ОДЛУКИ НА СУДСКИОТ СОВЕТ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА ПО ОДНОС НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

    1. СУЛЕЈМАНОВ против Република Македонија Апликација бр. 69875/01 Повреда на член 3 (немање на ефикасна истрага за наводна тортура)

    2. ПАРИЗОВ против Република Македонија Апликација бр. 14258/03 Повреда на член 6-1(разумен рок на постапката)

    3. САНДЕЛ против Република Македонија Апликација бр. 21790/03 Повреда на член 6-1(разумен рок на постапката

    4. ДЕМЕРЏИЕВА И ДРУГИ против Република Македонија Апликација Аапликација бр. 19315/06 Повреда на член 6-1(пристап до суд)

    5. БОРИС СТОЈАНОВСКИ против Република Македонија Апликација бр. 41916/04) Повреда на член 6-1(пристап до суд)

    6. МИТРЕВСКИ СИМЕ против Република Македонија Апликација бр. 11621/09) Повреда на член 5 став 4 (еднаквост на оружјата)

    7. СЛАВИЦА ШУРББАНОВСКА против Република Македонија Апликација БР.36665/03 Недопуштеност на апликација за повреда на член 6 став 1(судење во разумен рок) –изгубен статус на жртва на повреда

    471

    515

    543

    597

    617

    729

    769

    785

    797

    811

    821

    833

    843

  • ПРЕСУДИ И ОДЛУКИ НА ГОЛЕМИОТ СУДСКИ СОВЕТ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА 11

    III. РЕШЕНИЈА НА ВРХОВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА -ОДДЕЛ ЗА СУДЕЊЕ ВО РАЗУМЕН РОК

    1. КРСТЕВСКА - ПСРРЖ.бр.54/2010 -12.04.2010 2. ВЕСОВ- ПСРРЖ.бр.35/ 2010 12.04.2010

    3. СТОЈАНОВСКИ - ПСРР.бр.260/2009 25.01.2010

    4. ПОЦЕВ ПСРРЖ.бр.2/2010 18.01.2010

    5. ПОЛИТЕХНА ПСРР бр.12/2009 1.06.2009

    6. НЕНОВСКИ ПСРР бр.76/2009 01.06.2009

    7. ШУРБАНОВСКА ПСРР бр.21/2008 20.10.2008

    859

    862

    865

    870

    873

    881

    898

  • ПРЕСУДИ НА ГОЛЕМИОТ СУДСКИ СОВЕТ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА

    Напомена: Македонскиот превод на текстот на одлуките на Европскиот суд за човекови права е исклучиво информативен и од него не произлегуваат никакви права и/или обврски. Единствено официјалниот текст на одлуката на Европскиот суд за човекови права на англиски и/или француски јазик, објавена од страна на Судот е автентичен и се смета за оригинал. Не е дозволено објавување на овој превод на било каков начин без претходна дозвола од страна на Министерството за правда на Република Македонија, освен во случај доколку се користи за информирање.

    ГЛАВА

    1

  • NACHOVA AND OTHERS ПРОТИВ БУГАРИЈА

    (Апликации бр. 43577/98 и 43579/98)

    ПРЕСУДА

    СТРАЗБУР 6 јули 2005 година

    Во предметот NACHOVA и другите против Бугарија,

    Европскиот суд за човекови права, заседавајќи како Голем совет составен од

    . L. W , Претседател г. C.L. R , г. J.-P. C , Сер Nicolas B , г. B. Z , г. C. B , г. K. J , г. J. C , г. J. H , г-ѓа. S. B , г. M. U , г-ѓа. A. M , г-ѓа. E. F -S , г-ѓа. A. G , г-ѓа. L. M , г. D. S , г. D Í T B , судии и

    г. T.L. E , заменик-секретар на Големиот совет,

    разгледувајќи го предметот зад затворени врати на 23 февруари 2005 и 8 јуни 2005 година, ја донесе следнава пресуда, која беше усвоена на последно спомнатиот датум:

  • ЗБИРКА НА ПРЕСУДИ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И РЕШЕНИЈА НА ВРХОВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА16

    ПОСТАПКА

    1. Предметот доби завршница во вид на две апликации (бр. 43577/98 и 43579/98) поднесени до Европската комисија за човекови права („Комисијата°) против Република Бугарија согласно со поранешниот член 25 од Конвенцијата за заштита на човековите права и основните слободи („Конвенцијата°) од страна на следниве четворица државјани на Бугарија: Anelia Kunchova Nachova, Ms Aksiniya Hristova, Ms Todorka Petrova Rangelova Mr Rangel Petkov Rangelov („апликантите°), на 15 мај 1998 година.

    2. Апликантите изнеле наводи дека нивните блиски роднини – г. Kuncho Angelov и г. Kiril Petkov– биле убиени со истрели од огнено оружје од страна на Воената полиција, што е повреда на член 2 од Конвенцијата. Понатаму, истрагата за настаните била неефективна, што значело повреда на членовите 2 и 13 од Конвенцијата. Во наводите исто, така, стоело дека тужената држава не ја исполнила својата законска обврска да ги заштитува човечките животи, што е спротивно на член 2 од ЕКЧП, како и дека спорните настани биле резултат на дискриминаторски ставови кон Ромите, што претставува повреда на член 14 во врска со член 2 од Конвенцијата.

    3. Апликациите биле проследени до ЕСЧП на 1 ноември 1998 година, кога влегол во сила Протоколот бр. 11 кон Конвенцијата (член 5, став 2 од Протоколот бр. 11), и му биле доделени на четврттиот оддел на судот. На 22 март 2001 година се преминало на заедничко постапување по апликациите (член 43, став 1 од Деловникот на ЕСЧП).

    4. На 1 ноември 2001 година ЕСЧП го изменил состав на своите оддели (член 25, став 1). Овој предмет му бил доделен на новосоставениот прв оддел (член 52, став 1). На 28 февруари 2002 година Советот на првиот оддел во состав: г. C.L. Rozakis, Претседател, г. P. Lorenzen, г. G. Bonello, г-ѓа F. Tulkens, г-ѓа N. Vajić, Mrs S. Botoucharova, г. V. Zagrebelsky, судии, and Mr S. Nielsen, заменик-секретар на одделот, ги прогласиле апликациите за делумно допуштени.

    5. На 26 февруари 2004 година Советот на истиот оддел во состав: г. C.L. Rozakis, Претседател, г.P. Lorenzen, г.G. Bonello, г-ѓа F. Tulkens, г-ѓаN. Vajić, г-ѓа S. Botoucharova, Mr V. Zagrebelsky, judges, and Mr S. Nielsen , секретар на одделот, изрекле пресуда во која едногласно утврдиле дека имало повреда на членовите 2 и 14 од Конвенцијата и дека од член 13 не произлегол некој посебен проблем.

    6. На 21 мај 2004 година Владата на Бугарија („Владата°) побарала предметот да му биде упатен на Големиот совет, што е во согласност со член 43 од Конвенцијата и член 73 од Деловникот на судот. Група експерти од Големиот совет го прифатила ова барање на 7 јули 2004 година.

  • ПРЕСУДИ И ОДЛУКИ НА ГОЛЕМИОТ СУДСКИ СОВЕТ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА 17

    7. Составот на Големиот совет беше одреден согласно со одредбите од член 27, ставови 2 и 3 од Конвенцијата и член 24 од Деловникот на ЕСЧП.

    8. Апликантите, застапувани од г. Ј. Грозев од Адвокатската комора на Софија, доставија поднесок до Големиот совет на 30 ноември, а Владата, застапувана од својот коагент г-ѓата M. Dimova од Министерството за правда на 29 ноември 2004 година. Исто така, коментари од трите страни беа примени од 3 невладини организации: Европскиот центар за правата на Ромите, „Interights° и оперативната програма на институтот „Отворено општество° во областа на правдата под наслов „Open Society Justice Initiative°, на кои претседателот им даде дозвола да интервенираат во писмената процедура (член 36, став 2 од Конвенцијата и член 44, став 2).

    9. Јавна расправа се одржа во Зградата за човекови права во Стразбур на 23 февруари 2005 година (член 59, став 3).

    Пред ЕСЧП се појавија:

    (а) за Владатаг-ѓа M. D , Министерство за правда,г-ѓа M. K , Министерство за правда, коагенти;

    (б) за апликантитег. Y. G ,Lord L H H QC, адвокат на Нејзиното Височество Кралицата на Велика Британија и Северна Ирска

    Судот ги слушна нивните обраќања.

  • ЗБИРКА НА ПРЕСУДИ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И РЕШЕНИЈА НА ВРХОВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА18

    ФАКТИТЕ НА СЛУЧАЈОТ

    I ОКОЛНОСТИТЕ НА СЛУЧАЈОТ

    10. Случајот се однесува на убивањето на г. Ангелов и г. Петков на 19 јули 1996 година, од страна на припадник на Воената полиција кој се обидувал да ги уапси.

    11. Сите апликанти се бугарски државјани од ромска националност.

    12. Г-ѓата Анелија Кунчова Начова, родена во 1995 година, е ќерка на г. Ангелов. Г-ѓата Аксинија Христова, родена во 1978 година, е мајка на г-ѓата Начова. И двете живеат во местото Добролево во Бугарија. Г-ѓата Тодорка Петрова Рангелова и г. Рангел Петков Рангелов, родени во 1955 и 1954 година и со живеалиште во местото Лом во Бугарија, се родители на г. Петков.

    А. Околности во врска со смртта на г. Ангелов и г. Петков

    13. Во 1996 година, г. Ангелов и г. Петков, двајцата на возраст од 21 година, биле војници на отслужување на воениот рок во градежниот оддел од Армијата (Строителни войски) кој се занимава со изградба на станбени згради и други цивилни проекти.

    14. Во почетокот на 1996 година г. Ангелов и г. Петков биле уапсени поради тоа што неколку пати биле отсутни од локацијата каде била војската без дозвола. На 22 мај 1996 година г. Ангелов бил осуден на 9 месеци затвор, а г. Петков на 5 месеци затвор. И двајцата имале претходни осудителни пресуди за кражби.

    15. На 15 јули 1996 година тие избегале од градилиштето во кругот на затворот каде биле донесени да работат и отишле во домот на бабата на г. Ангелов, г-ѓата Тонкова, во селото Лесура. Ниеден од нив не бил вооружен.

    16. Нивното отсуство било пријавено следниот ден, а нивните имиња биле ставени на списокот на лица по кои трага Воената полиција. Единицата на Воената полиција од Враца добила налог за нивно апсење на 16 јули 1996 година.

    17. Околу 12 часот напладне на 19 јули 1996 година, дежурниот офицер од единицата на Воената полиција од Враца примил анонимна телефонска порака дека г. Ангелов и г. Петков се кријат во селото Лесура. Во најмалку една од претходните прилики кога бил отсутен од војска без дозвола, г. Ангелов бил најден и уапсен токму таму.

    18. Командниот офицер, полковникот Д., одлучил да испрати четворица офицери на Воената полиција, под команда на мајорот Г., да ги лоцираат

  • ПРЕСУДИ И ОДЛУКИ НА ГОЛЕМИОТ СУДСКИ СОВЕТ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА 19

    и да ги уапсат двајцата бегалци. Најмалку двајца офицери го познавале едниот или и двајцата бегалци. Очигледно мајорот Г. ја познавал Лесура, затоа што неговата мајка била од тоа село, според зборовите на еден секретар вработен во општината, кој подоцна дал исказ како сведок.

    19. Полковникот Д. им рекол на офицерите дека „во согласност со правилата°, треба да носат пиштол и автоматска пушка, како и панцир (непробоен елек). Тој ги информирал дека г. Ангелов и г. Петков биле „криминално активни° (криминално проявени) – израз што се користи за означување лица кои биле осудувани или кои се сомничат дека извршиле кривично дело – како и дека избегале од притвор. На офицерите им било кажано да ги употребат сите потребни средства што ќе ги диктираат околностите за апсење на двајцата бегалци.

    20. Офицерите веднаш со џип тргнале кон Лесура. Двајца офицери носеле униформи, додека другите биле облечени во цивилна облека. Единствено мајорот Г. носел панцир. Тој бил вооружен со своето лично вооружување, пиштол и уште носел автоматска пушка калашњиков со калибар 7,62 mm. Другите носеле пиштоли. Три автоматски пушки калашњиков останале во багажникот од возилото за целото времетраење на операцијата.

    21. Офицерите добиле усни инструкции од мајорот Г. возејќи се накај Лесура. Наредникот Н. требало да ја покрива источната страна од куќата, мајорот Г. западната страна, а наредникот К. требало да влезе во куќата. Наредникот С., инаку возач, требало да остане кај возилото и да ја надгледува северната страна од куќата.

    22. Околу 13 часот офицерите пристигнале во Лесура. Тие замолиле еден секретар вработен во општината и еден селанец, г. Т.М., да им се придружат и да им ја покажат куќата на бабата на г. Ангелов. Возилото влегло во ромското маало во Лесура.

    23. Наредникот Н. ја препознал куќата, затоа што таму претходно го имал уапсено г. Ангелов поради отсуство од војската без дозвола.

    24. Веднаш откако џипот застанал пред куќата, помеѓу 13 и 13 часот и 30 минути, наредникот К. го препознал г. Ангелов, кој бил внатре во куќата, зад прозорецот. Веднаш штом го забележале возилото, бегалците се обиделе да избегаат. Офицерите слушнале звук на скршено прозорско стакло. Мајорот Г. и наредниците K. и Н. скокнале од возилото додека сè уште било во движење. Мајорот Г. и наредникот К. влегле низ влезната врата од градината, при што првиот тргнал кон западната страна од куќата, а вториот влегол внатре во куќата. Наредникот Н. се упатил кон источната страна од куќата. Наредникот С. останал кај автомобилот, заедно со секретарот од општината и г. T.M.

  • ЗБИРКА НА ПРЕСУДИ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И РЕШЕНИЈА НА ВРХОВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА20

    25. Наредникот Н. подоцна изјавил во својство на сведок дека, откако ги забележал г. Ангелов и г. Петков како бегаат низ прозорецот и трчаат кон дворот на едниот од соседите, извикал: „Стој, Воена полиција!° Тој го извадил пиштолот, но не истрелал куршум. Двајцата продолжиле да трчаат. Наредникот Н. истрчал на улицата поминувајќи покрај неколку куќи по скратена патека во обид да ги пресретне. Додека трчал, го слушнал мајорот Г. како вика: „Застани, Воена полиција, застани [или] ќе пукам!° Токму во тој момент започнало пукањето.

    26. Мајорот Г. го дал следниов исказ:

    „... Го чув наредникот Н. Како вика: „Застани, полиција° ... Ги видов војниците; тие трчаа и потоа застанаа пред оградата помеѓу дворот на г-ѓата Тонкова и дворот на соседот ... Видов дека се обидуваат да ја прескокнат мрежестата ограда, па викнав: „Застани или ќе пукам!° Ја откочив и ја наполнив автоматската пушка. Потоа испукав куршум во воздух, држејќи ја автоматската пушка во правец нагоре со десната рака, речиси под агол од 900 во однос на земјата ... Војниците се прекачија преку мрежестата ограда и продолжија да трчаат, јас ги следев, а потоа испукав уште еднаш, двапати или трипати во воздух и викав: „Застани!°, но тие продолжија да трчаат. Повторно испукав куршуми во воздух со автоматот и викав: „Застани или ќе пукам со вистински куршуми.° Ги предупредив уште еднаш, но тие продолжија да трчаат без да се свртат. Испукав во правец десно [од двајцата] со автоматот по предупредувањето, нишанејќи кон земјата, надевајќи се дека ова ќе ги натера да престанат да трчаат. Повторно извикав „Застани!° кога беа кај аголот од другата куќа и потоа нанишанив и пукав во нив во моментот кога се качуваа на оградата. Нишанев во нивните стапала. Тлото врз кое стоев беше на пониско ниво ... Прерипувајќи преку втората ограда тие ќе избегаа, а јас немав начин како поинаку да ги запрам. Косината таму беше малку остра, а јас стоев на пониско тло ... втората ограда беше на највисоко тло, па затоа кога пукав првиот пат нишанев странично [од двајцата], бидејќи сметав дека никој од соседните куќи нема да биде повреден, а вториот пат нишанев во војниците, но испукав кон нивните стапала. Согласно со правилото 45, можеме да употребиме огнено оружје за да уапсиме припадници на Армијата кои извршиле дело кое се гони по службена должност и кои нема да се предадат по дадено предупредување, но согласно со точката 3 [од тој правилник], ние мораме да ги заштитиме животите на лицата против кои [употребуваме огнено оружје] – па од тие прични пукав во стапалата [од жртвите] – со намера да избегнам смртоносна повреда. Последниот пат кога пукав кон стапалата од војниците, бев дваесетина метри оддалечен од нив, а тие беа точно во југоисточниот агол од соседниот двор. По пукањето обајцата паднаа наземи ...И двајцата лежеа на стомак, и двајцата даваа знаци на живот, ... офкајќи... потоа се појави наредникот С., го повикав да дојде ... и му ја подадов својата автоматска пушка ...°

  • ПРЕСУДИ И ОДЛУКИ НА ГОЛЕМИОТ СУДСКИ СОВЕТ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА 21

    27. Според изјавите на тројцата офицери со понизок чин, г. Ангелов и г. Петков лежеле на земја пред оградата, со нозете насочени во правец на куќата од која дошле. Едниот лежел на грб, а другиот на стомак.

    28. Еден од соседите, г. З., кој живее наспроти бабата на г. Ангелов, исто така дал исказ. Во околу 13 или 13 часот и 30 минути видел воен џип како запира пред куќата на г-ѓата Тонкова. Потоа слушнал некого како вика: „Не трчај, користам вистински куршуми.° Потоа слушнал истрели. Погледнал во соседниот двор и го видел г. Ангелов, кого го познавал, и еден друг човек како се прекачуваат преку мрежестата ограда помеѓу дворот на г-ѓа Тонкова и дворот на еден друг сосед. Не го видел човекот кој викал затоа што истиот му бил надвор од видното поле зад куќата на г-ѓата Тонкова. Потоа ги видел г. Ангелов и г. Петков како паѓаат наземи и го забележал и човекот кој пукал во нив како држи автоматска пушка. Г. З. Понатаму изјавил:

    „Другите луѓе во униформа потоа започнаа да протестираат кон [човекот кој пукаше во г. Ангелов и г. Петков] велејќи му дека не требало да пука, дека не требало да дојде со нив. Од оние кои дојдоа во џипот, единствено високиот по чин офицер пукаше ... Го познавам од извидување, има роднини во Лесура.°

    29. Наредникот С. изјавил дека кога пристигнале кај куќата, тој останал кај возилото и го слушнал наредникот Н. како вика од источната страна на куќата: „Застани, полиција!° Тој го чул и мајорот Г. како вика: „Застани, полиција!° неколку пати од западната страна на куќата. Потоа мајорот Г. започнал да пука од неговото автоматско оружје, не престанувајќи да вика. Наредникот С. потоа влегол во дворот. Го видел мајорот Г. како се прекачува преку мрежестата ограда и го чул како вика. Тргнал во правец кон него носејќи ја со себе автоматската пушка и ги видел г. Ангелов и г. Петков како лежат наземи блиску до оградата. Двајцата сè уште биле живи. Во тој момент наредникот К. излегол од куќата. Мајорот Г. отишол да го земе џипот и го пријавил инцидентот преку радиоуредот во возилото. Кога се вратиле, наредникот Н. се појавил од соседната улица и им помогнал да ги внесат ранетите во возилото.

    30. Началникот на единицата на Воената полиција во Враца и другите офицери биле информирани за инцидентот некаде околу 13 часот и 30 минути.

    31. Наредникот К. изјавил во своето сведочење дека влегол во куќата и зборувал со бабата на г. Ангелов и со некоја друга жена кога го чул мајорот Г. како им вика на г. Ангелов и г. Петков да застанат. Во самата куќа забележал скршено стакло на прозорецот во собата која гледа кон дворот. Токму бил на излегување од куќата кога чул пукање кое доаѓало од правец од зад куќата. Упатувајќи се кон дворот, го сретнал мајорот Г. кој му

  • ЗБИРКА НА ПРЕСУДИ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И РЕШЕНИЈА НА ВРХОВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА22

    рекол дека бегалците се ранети. Наредникот К. потоа се прекачил преку мрежестата ограда и им пришол на ранетите, кои сè уште биле живи и офкале. Тој забележал дека држи автоматска пушка, но не можел да се сети како истата се нашла кај него. Ја извадил рамката од пушката и видел дека во неа нема куршуми. Само еден куршум бил останат во цевката од пушката.

    32. Веднаш по пукањето, се собрале голем број луѓе од соседството. Наредникот К. и наредникот С. ги однеле ранетите во болницата во Враца, додека мајорот Г. и наредникот Н. останале на местото на настанот.

    33. Г. Ангелов и г. Петков починале на пат до Враца. Биле прогласени за мртви веднаш откако пристигнале во болницата.

    34. Бабата на г. Ангелов, г-ѓата Тонкова, ја даде следнава верзија на настаните. Нејзиниот внук и г. Петков престојувале во нејзината куќа кога забележиле џип како се приближува. Таа излегла надвор и видела четворица мажи во униформа. Сите четворица влегле во дворот. Еден од нив отишол на другата страна од куќата и почнал да пука со автоматска пушка, а пукањето траело долго време. Другите тројца исто така биле вооружени, но не пукале. Таа била во дворот и го молела човекот кој пукал да запре. Меѓутоа, тој тргнал кон задната страна од куќата. Потоа чула пукање во дворот зад куќата. Тогаш и таа отишла таму и ги видела нејзиниот внук и г. Петков како лежат во дворот на соседите со рани од куршуми.

    35. Според еден друг сосед, г. M.M., сите тројца полицајци пукале. Двајца стрелале во воздух а третиот офицер – кој бил на западната страна од куќата (мајорот Г.) – нишанел во некого. Г. M.M. чул некои 15-20 истрели, можеби и повеќе. Потоа ги видел воените полицајци како одат во соседниот двор, каде г. Ангелов и г. Петков лежеле на земја. Тој двор им припаѓал на г. M.M. и на неговата ќерка. Гледајќи го својот внук, инаку мало момче, како стои таму, г. M.M. побарал дозвола од мајорот Г. да се приближи и да го тргне момчето оттаму. Мајорот Г. го вперил пиштолот кон него на брутален начин и го навредил со зборовите: „Проклети Цигани!° („мамка ви циганска°).

    Б. Истрагата за смртните случаи

    36. На 19 јули 1996 година сите офицери инволвирани во случајот доставиле посебни извештаи за инцидентот до единицата на Воената полиција од Враца. На ниту еден од нив не му бил направен алко тест.

    37. Кривична истрага за смртните случаи била покрената истиот ден, а помеѓу 16 и 16 часот и 30 минути еден армиски истражител извршил увид на местото на настанот. Во својот извештај тој дава опис на местото на настанот, меѓу другото на положбата на куќата на г-ѓата Тонкова, на

  • ПРЕСУДИ И ОДЛУКИ НА ГОЛЕМИОТ СУДСКИ СОВЕТ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА 23

    првата мрежеста ограда, како и на чаурите од испуканите куршуми и на дамките од крв најдени таму. Во извештајот тој наведува дека била оштетена структурата на првата мрежеста ограда и дека оградата била искршена на едно место.

    38. Во прилог на извештајот била доставена и скица. На скицата биле прикажани дворот од куќата на г-ѓата Тонкова и соседниот двор каде лежеле на земја г. Ангелов и г. Петков. Биле посочени и местата каде биле најдени чаури од куршуми. Скицата и извештајот содржеле само дел од мерните параметри на дворовите. Стрмнината и другите карактеристики на теренот и на опкружувањето не биле опишани.

    39. Биле најдени 9 чаури од куршуми. Една чаура била најдена на улицата, пред куќата на г-ѓата Тонкова (очигледно не далеку од таму каде запрел џипот). Во дворот на г-ѓата Тонкова биле најдени 4 чаури, зад куќата, блиску до првата мрежеста ограда која ги дели нејзиниот и дворот на соседот. Во дворот на соседот (г. M.M.) биле најдени 3 чаури, блиску до местото каде биле најдени дамки од крв. Точното растојание меѓу чаурите и дамките од крв не било наведено. Подоцна била најдена и деветта чаура и предадена на Воената полиција од страна на вујко на г. Ангелов. Не е наведено каде била најдена оваа чаура.

    40. Дамките од крв биле на растојание од еден метар. На скицата било означено дека се наоѓаат на нешто повеќе од 9 метри од првата мрежеста ограда. Не е означено растојанието помеѓу дамките од крв и втората ограда која г. Ангелов и г. Петков очигледно се обидувале да ја прекачат во моментот кога биле погодени. Истражителот подигнал примероци од крвните дамки.

    41. На 21 јули 1996 година била извршена обдукција на телата од страна на патолог. Согласно со Извештајот за извршената обдукција бр. 139/96, причината за смртта на г. Петков била „рана во пределот на градите°, каде насоката на истрелот била „од предниот кон задниот дел°. Раната била опишана на следниов начин:

    „Во пределот на градите има овална рана со димензии 2,5 cm со 1 cm, на растојание од 144 cm од стапалата, со ткива кои недостасуваат и со запчести и компримирани рабови во пределот на левото рамо. На грбот исто така има овална рана со големина 3 cm, лево од инфраскапуларната линија на растојание од 123 cm од стапалата со ткива кои недостасуваат, со запчести и одрани рабови свртени кон надвор.°

    42. Во однос на г. Ангелов, извештајот наведува дека причината за смртта била „рана од огнено оружје, која оштетила еден од главните крвни садови° и дека правецот на движење на куршумот бил „од задната кон предната страна°. Понатаму се вели:

  • ЗБИРКА НА ПРЕСУДИ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И РЕШЕНИЈА НА ВРХОВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА24

    „Постои кружна рана лево од задникот на растојание од 90 cm од стапалата ... со ткиво кое недостасува, запчести ѕидови и рабови, и со дијаметар од околу 0,8 cm ... Постои овална рана од 2,1 cm со запчести одрани рабови и ѕидови свртени кон надвор и ткива кои недостасуваат на границата помеѓу долната и средната третина [од абдоменот], на растојание од 95 cm од стапалата, малку лево од папокот.°

    43. Извештајот заклучил дека повредите биле предизвикани од истрели од автоматско оружје од одредено растојание.

    44. На 22, 23 и 24 јули 1996 година истражителот објавил распит во врска со случувањата на четворицата офицери на Воената полиција, двајца соседи (M.M. и K.), секретарот од општината и вујкото на г. Ангелов. Мајката на г. Петков, исто така, била испрашана нешто подоцна.

    45. На 1 август 1996 година автоматската пушка на мајорот Г., куршумот најден во неа и деветте чаури од испукани куршуми најдени на местото на настанот биле испитани од страна на балистички експерти од Регионалната дирекција за внатрешни работи на Враца. Според неговиот извештај, автоматската пушка била употреблива, сите девет најдени чаури биле испукани од неа, а последниот куршум кој не бил испукан исто така бил употреблив.

    46. Еден извештај на вешто лице од судска медицина од 29 август 1996 година навел концентрација на алкохол од 0,55 g/l во крвта на г. Петков и 0,75 g/l во крвта на г. Ангелов (според бугарското законодавство, управување моторно возило со повеќе од 0.,5 g/l концентрација на алкохол во крвта претставува прекршок).

    47. На 20 септември 1996 година експерт од Регионалната дирекција за внатрешни работи на Враца извршил форензичко испитување на дамките од крв најдени на местото на настанот, при што утврдил дека најдената крв одговара на крвните групи на жртвите.

    48. На 20 јануари и на 13 февруари 1997 година биле испрашани уште еден сосед (г. T.M.) и г-ѓата Христова (еден од апликантите). На 26 март 1997 година биле испрашани бабата на г. Ангелов и соседот З.

    49. На 7 јануари 1997 година на семејствата на г. Ангелов и г. Петков им бил даден увид во досието за истрагата. Тие побарале да бидат испитани уште тројца сведоци: T.M., г-ѓата Тонкова и З.Х. Барањето им било удоволено. Истражителот ги испитал сведоците на 20 јануари и на 26 март 1997 година. Апликантите не побарале да бидат земени искази од никој друг.

    50. На 31 март 1997 година истражителот ја завршил прелиминарната истрага и изготвил конечен извештај. Тој во извештајот спомнува дека

  • ПРЕСУДИ И ОДЛУКИ НА ГОЛЕМИОТ СУДСКИ СОВЕТ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА 25

    г. Ангелов и г. Петков избегале од притвор за време на издржување затворска казна, со што извршиле кривично дело. Мајорот Г. сторил сè што е во негова моќ за да им ги спаси животите: им викал да застанат и да се предадат, истовремено испукувајќи предупредувачки истрели. Тој нанишанил во нив дури откако видел дека тие продолжуваат да бегаат и дека би можеле да избегаат. Тој не сакал да им повреди витален орган. Истражителот заклучил дека мајорот Г. дејствувал во согласност со правилото 45 од Правилникот за работа на Воената полиција и поднел препорака до регионалното обвинителство на Плевен за затворање на истрагата од причина што мајорот Г. не го повредил законот.

    51. На 8 април 1997 година воениот обвинител на Плевен ја прифатил препораката на истражителот и ја затворил прелиминарната истрага за смртните случаи. Тој заклучил дека мајорот Г. постапил во согласност со правилото 45 од Правилникот за работа на Воената полиција. Тој ги предупредил двајцата бегалци неколку пати и истрелал куршуми во воздух. Тој пукал во нив само затоа што тие не се предавале, а со оглед на опасноста дека би можеле да избегаат. Тој се трудел да не им нанесе смртоносни повреди. Никој друг не бил повреден.

    52. При описот на личните карактеристики на жртвите, вклучувајќи и податоци за нивното семејство, образование и претходни осудителни пресуди, обвинителот навел во својата наредба дека и двајцата потекнуваат од „семејства од малцинствата°, израз што најчесто се користи за лица од ромското малцинство.

    53. Со наредба од 11 јуни 1997 година, обвинителот на Обвинителството на вооружените сили ја отфрлил последователната жалба на апликантите со образложение дека г. Ангелов и г. Петков го испровоцирале пукањето обидувајќи се да избегаат и дека мајорот Г. ги презел мерките што ги бара законот во вакви ситуации. Од ова следува дека употребата на оружје била законска согласно со правилото 45 од Правилникот за работа на Воената полиција.

    54. На 19 ноември 1997 година обвинителот од одделот за ревизија на истрагите при Обвинителството на вооружените сили отфрлил уште една жалба на апликантите со образложение слично на оние на другите јавни обвинители.

    II ИЗВЕШТАИ НА МЕЃУНАРОДНИ ОРГАНИЗАЦИИ ВО ВРСКА СО НАВОДИ ЗА ДИСКРИМИНАЦИЈА НА РОМИТЕ

    55. Во своите извештаи за одделните земји во изминативе неколку години, Европската комисија против расизмот и нетолеранцијата (ЕКРИ), која е под капата на Советот на Европа, изрази загриженост поради расистички мотивираното насилство од полицијата, особено против Ромите, во

  • ЗБИРКА НА ПРЕСУДИ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА И РЕШЕНИЈА НА ВРХОВНИОТ СУД НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА26

    неколку европски земји, меѓу кои Бугарија, Чешката Република, Франција, Грција, Унгарија, Полска, Романија и Словачка.

    56. Извештајот за состојбата со основните права во Европската унија и нејзините земји-членки во 2002 година, изготвен од страна на мрежата на независни експерти за основни човекови права на Европската унија на барање на Европската комисија, наведува, меѓу другото, дека случаи на полициска злоупотреба против Ромите и слични групи, вклучувајќи физичка злоупотреба и прекумерна употреба на сила, биле пријавени во неколку земји-членки на ЕУ, како Австрија, Франција, Грција, Ирска, Италија и Португалија.

    57. Во својот втор извештај за Бугарија, објавен во март 2000 година, ЕКРИ наведува, меѓу другото:

    „Посебна загриженост предизвикува појавата на дискриминација и малтретирање од страна на полицијата на припадници на ромската/циганската заедница. ... Проектот за човекови права во својот годишен извештај за 1998 година наведува бројни ... случаи на несоодветно однесување на полицијата кон ... Ромите ... Извештајот ги наведува следниве повреди на човековите права како најчести: употреба на прекумерна физичка сила за време на притворот со цел изнудување докази; неоправдана употреба на огнено оружје ... и закани за личната безбедност на поединци кои се пожалиле до надлежните органи на однесувањето на полицијата. ... Проектот за човекови права посочува дека најголем дел од поплаките доставени од оваа невладина организација во име на Роми – жртви на полициско насилство не биле испитани од страна на властите. ... Се чини дека жртвите не сакаат да искажат поплаки јавно, особено кога се во очекување на судски пресуди ... [Очигледно постои и] одредена неволност кај властите да признаат дека навистина има проблеми со несоодветно однесување на Полицијата. ...

    ЕКРИ повторно препорачува да биде формирано независно тело кое ќе дејствува на централно и локално ниво и ќе ги истражува практиките на полициските, истражните и казнено-поправните институции од аспект на постоење отворена и прикриена расна дискриминација и ќе се грижи секој акт на дискриминација да биде строго казнет. ...

    ЕКРИ е загрижена поради опстојувањето на широкораспространета дискриминација на припадници на ромската/циганската заедница во Бугарија. ... Постојат пријави дека локалните власти понекогаш учествуваат во незаконско спроведување на правдата (правораздавање) во врска со ромски/цигански заедници, често во тивок дослух со локалната полиција.°

  • ПРЕСУДИ И ОДЛУКИ НА ГОЛЕМИОТ СУДСКИ СОВЕТ НА ЕВРОПСКИОТ СУД ЗА ЧОВЕКОВИ ПРАВА 27

    58. Во својот трет извештај за Бугарија, објавен во јануари 2004 година, ЕКРИ го навела следново, меѓу другото:

    „Од вториот извештај на ЕКРИ наваму немало измени во Кривичниот законик [кои би обезбедиле казненоправните одредби целосно да предвидуваат да биде земена предвид секаква расистичка мотивација]. ...ЕКРИ препорачува бугарските власти да вметнат одредба во Кривичниот законик која експлицитно ќе пропишува дека расистичка мотивација за какво било обично незаконско дело претставува отежнувачка околност. ...

    ЕКРИ е загрижена поради наводите за примери на прекумерна употреба на огнено оружје од страна на pолицијата, кои понекогаш доведувале до смрт на Роми. ... ЕКРИ силно препорачува бугарските власти да преземат чекори за ограничување на употребата на огнено оружје од страна на агенциите за спроведување на законот на случаи каде нивната употреба е навистина неопходна. ЕКРИ инсистира до бугарските власти да го изменат законодавството во оваа насока и да обезбедат дека меѓународните стандарди во ова поле ќе бидат почитувани во праксата.

    ЕКРИ е особено загрижена во врска со наодите ... дека процентот на граѓани од ромско етничко потекло кои изјавиле дека биле подложени на физичко насилство во полициски станици е трипати повисок од процентот на граѓани од бугарско етничко потекло кои го изјавиле истото. ... Досега, бугарските органи немаат формирано независно тело кое би истражувало наводи за малтретирање или акти на дискриминација од страна на припадници на полициските органи. ...

    ЕКРИ со радост ја прими информацијата дека во август 2000 година бил формиран специјализиран комитет за човекови права во рамките на националната полициска служба ... Беа започнати голем број програми за обезбедување обуки за човекови права на полициски службеници ...

    ...

    Рамковната програма за рамноправна интеграција на Ромите во бугарското општество едногласно ја сметаат, вклучително и ромските претставници, за добро структурирана и прилично сеопфатна ... Сепак, постои неподелено чувство и во рамките на ромската заедница и меѓу невладините организации дека, освен неколкуте иницијативи спомнати во овој извештај, програмата остана мртва буква на хартија ... Мислењето во одредени кругови е дека Владата не по